Ученици од средното стручно училиште „Илинден“ во Домот на култура „Илинден“ ја посетија изложбата посветена на тројцата најпознати унгарски композитори Франц Лист, Золтан Кодаj и Бела Барток. Дел од изложбата се и фотографии на скулптури сликани во Унгарија, наречени Јашаги Соброг.
Средношколците со голем интерес ја проследија изложбата надградувајќи ги своите знаења за овие големи композитори кои оставија траен белег во светската истoрија. За ова многу помогнаа презентираните ексклузивни фотографии и интересни информации поврзани со биографиите и делата на Лист, Кодаj и Барток.
Comments are closed.