На 23 Април 2016 година во СУГС „ Јосип Броз Тито‘‘- Скопје се одржа 52 – от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија. Овој натпревар е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во Република Македонија имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултатиод областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производсвото на храна и комуникациите. И ние од Средното општинско стручно училиште „Илинден‘‘ – Илинден учествувавме на овој натпревар во областа на математиката.Ученикот Филип Витковски ученик во III година, под водство на неговиот ментор Дијана Јаковлевска – проф. по математика, го освои 3-то место со својот проект на тема „ Решавање на проблеми со примена на Диофантови равенки‘‘.
Comments are closed.