На ден 11.02 и 12.02.2015 учениците и вработените во средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден, во просториите на училиштето донираа храна,пијалоци,средства за хигиена и топла облека за граѓаните од поплавените подрачја во нашата држава и на тој начин ја поддржаа акцијата која ја организираше Општина Илинден насловена како „Да ја покажеме хуманоста на дело“. Оваа акција покрај својата примарна цел, да им се помогне на луѓето од поплавените подрачја, имаше за цел и да ги разбуди и негува позитивните вредности на секој поединец како што се сочувство, хуманост и солидарност со секој оној кој поминува низ одредени, лични или колективни, тешки моменти во животот. „НИЕ БЕВМЕ ХУМАНИ И СОЛИДАРНИ-БИДЕТЕ И ВИЕ“
Comments are closed.