Согласно основниот проект, во Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден се постави фотонапонска електроцентрала со моќност од 39 KW, пришто произведената електрична енергија ќе се користи за потребите на училиштето, а вишокот на електрична енергија ќе се предава во електродистрибутивната мрежа. Фотонапонските панели од француско производство (RECOM) се поставија на источната и јужната страна на кровот…