ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМ НА ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА

Почитувани ученици, родители/старатели,

Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден ве известува дека на 16 и 17.06.2022 година ќе врши прием на документи за  учениците кои аплицирале за упис во прва година за учебната 2022/2023 година во следниве термини:

  1. Приемот на документи на 16.06.2022 (четврток) ќе се врши по азбучен ред во периодот од 12.00 до 19.00 часот

Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:

  • Од 12.00-14.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите а,б, в, г, д, ѓ, е,ж,з
  • Од 14.00-16.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н,њ
  • Од 16.00-18.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х
  • Од 18.00-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите ц, ч, џ, ш
  1. Приемот на документи на 17.06.2022 ќе се врши по азбучен ред во периодот од 07.00 до 19.00 часот

Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:

  • Од 07.00-09.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите ц, ч, џ, ш
  • Од 09.00-11.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите с, т, ќ, у, ф, х
  • Од 11.00-13.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите м, н, њ, о, п, р
  • Од 13.00-15.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите и, ј, к, л, љ,
  • Од 15.00-17.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите ѓ, е, ж, з, ѕ
  • Од 17.00-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите а, б, в, г, д

Објавено на 14.06.2022 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top