По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Сојузот на просветни работници организираше литературен конкурс на тема „Браќата Миладиновци основоположници на македонската преродба и поборници за својот мајчин јазик“ во кој учествуваа над триесетина ученици од основните и средните училишта од државата. Нашата ученичка Ева Цветановска од II-1 клас, под менторство на професорот по македонски јазик Даниела Костадиновиќ, освои трета награда во трета категорија – средно образование за прозна творба – есеј.
Comments are closed.