Младите новинари на интервју кај директорот

Се наоѓаме во новото средно училиште што се отвори пред 4 години и јас ја имам оваа чест да разговарам токму со вас, директорот на ова училиште.
Моето прво прашање е:

1. Какво е задоволството да се биде прв директор на новото отворено училиште?
Благодарам, пред се честa и задоволството е мое што денеска сте гости кај мене. Би сакал да кажам дека пред се големи се предизвиците со кои се соочуваме ние минативе 3-4 години и одговорноста  која што веќе ја имаме пред вас како ученици, пред вашите родители, пред основачите на училиштето и тн.
Предизвици имаше многу уште од почетоците на училиштето 2013/2014 година. Вие сте првата генерација што се запишавте тука, благодарност за сите вас. Тоа бараше  доста енергија, доста време, сметам дека жртвата е голема, но тука спаѓа и задоволството кое 
на крајот сигурно ќе биде големо. Затоа што ве знам како почнавте прва година, како се развивавте низ годиниве, сега гледам дека сте изградени во супер личности, а тоа е она што ни е за примерна цел, од вас да произлезат пред се одговорни луѓе за општеството и образовани согласно кадарот што се профилира кај нас.

2. Кои се вашите цели и интереси кон училиштето?
– Првенствено целта е да образоваме и да воспитуваме како  на секое друго училиште така и на нас, она што сакаме да произлезе од тие  воспитно-образовни цели е да се стекнете со квалитетни знаења, вештини и умеења што поматаму би ги користеле во животот. Освен тој дел би сакале да стекнеме имиџ на посакувано училиште .Сигурна, безбедна средина, каде што ученикот секогаш би бил во центарот на вниманието и да на тој начин учениците сами сакаат да се запишат кај нас. Други цели би ни биле да потпишеме повеќе меморандуми за соработка со други компании. Сакаме да ја прошириме соработката и со други компании, веќе во предвид ни е со “HI-TECH” -за производство на електронски плочки. Сега зборувам во перспектива понатаму можеби ќе направиме соработка со другите средни училишта надвор од нашата држава. Исто така да обезбедиме и работна пракса во компаниите.

3. Ајде малку за вашето образование, кои се вашите почетоци и до каде стигнавте во вашиот живот?
-До каде стигнав не знам, еве гледате и само дали е многу или малку. Основно образование завршив во основното училиште Гоце Делчев, 8 години. Потоа средно во ЕМУЦ, тоа е машинско училиште како машински техничар, па потоа се запишав на Филолошки факултет на отсекот германистика и веднаш по завршувањето на факултетот се вработив во истото училиште каде што и завршив средно училиште, ЕМУЦ. Една година бев таму, на замена,од таму отидов во угостителско 1 година, па во Корчагин 1 година, во Драчево во гимназијата 1 година и потоа си дојдов тука во основното училиште Гоце Делчев, каде работев како наставник по германски јазик 10 години. И сега овде како директор 3 години. Сега колку успешен не знам, вие тука ќе си процените.

4. Од каде е идејата да се изгради средно училиште во нашата општина?
-Идејата произлезе од граѓаните на општина Илинден, нашиот градоначалник со општинската администрација пред 5-6 и повеќе години имаше средби со граѓани во населените местана општина Илинден. Една од идеите беше да се отвори средно училиште во нашата општина, за да нашите учениците не патуваат надвор од општината. Следното прашање беше каков вид на средно училиште, во разговори со компаниите од зоната во Бунарџик произлезе дека тие имаат потреба од кадар за работа од овој тип кој што ние го едуцираме тука, електротехничари од профилот компјутерска техника и автоматика и од електроника и телекомуникации.

5. Колку паралелки и ученици има во ова училиште?
-Во моментот ни се 8 паралелки, знаете добро дека почнавме со 2 паралелки, таму беа вкупно 63 ученика. Секоја година запишувавме по 2 паралелки и сега имаме вкупно 8 од кои 4 се во профилот компјутерска техника и автоматика и 4 во профилот електроника и телекомуникации Иимаме вкупно 257 ученика, во просек 31 ученик во паралелка, сите паралелки се над 30 ученика што само говори за интересот којшто го има во училиштето.

6. Какви активности има во ова училиште?
-Воспитно-образовните активности се најзастапени, е сега мене би ми било драго ако активностите произлегуваат од вас, не ние да ги наметнуваме како активности, туку би сакал  од вас да излезе некоја иницијатива, акција или идеја, наше останува само да ја поддржиме. Инаку во моментот имаме тековни активност. Се останато е тековно, се планира доста, голем дел од тоа се реализира, меѓутоа согласно нашите можности работиме максимално и посветено.

7. Како се реализира договорот меѓу општината и странските фирми за вработување на првата генерација од ова училиште и дали тоа во целост ќе се исполни?
-Јас искрено се надевам дека ќе се исполни, тоа е нешто што ние го понудивме на вас прва генерација, сега во разговор со дел од компаниите менаџерите си стојат на тоа  дека дел од учениците што ќе сакаат да се вработат во нивните компании ќе имаат таква можност. Прилично  сум убеден дека ќе се изреализираат меморандумите за соработка.

8. Како прва генерација сме сведоци дека училиштето на почетокот беше сосем празно, но во текот на овие 4 години се се надоплни и ни обезбедивте се што ни е потребно. Кои се вашите новитети? Која е идејата за понатаму?
-Можеби не се обезбеди се, но доста е обезбедено. Имаме 2 кабинета обезбедени за практична настава за вашиот профил со компјутери, кој што ги користите за програмирање, за другиот профил имаме исто така 2 работилници обезбедено за практична настава, каде изработуваат електронски плочки, што е нивна првенствена цел за таа струка. Различни сме од другите училишта од овој тип по тоа што  сите материјали за практична настава што ги добивате се обезбедени од страна на училиштето. Има простор уште за подобрување. Планираме уште да инвестираме во училишната опрема, да го доуредиме училишниот двор, да направиме амфи-театар, уште компјутери за практична настава за да можете вие да ги расклопувате, да лоцирате одредени дефекти ако има, да знаете да ги остраните дефектите и се она што ви е потребно за да се стекнете со добра основа  за на факултет.

9. За крај да ни кажете дали сте задоволни од учениците и нивното однесување?
– Да и тоа премногу. Од сите ученици . Можеби има поединци кои малку  отстапуваат со однесувањето, ние гледаме колку што можеме да го подобриме однесувањето на ученикот, некогаш успеавме, некогаш помалку но се работи со секој ученик поединечно.

Ви благодариме на одвоеното време.

Овде може да го прочитате интервјуто со психологот

Објавено на 17.11.2016 во Македонски јазик и литература

Сподели го текстот

Back to Top