Предавање на тема: „АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ“

Извештај од одржано предавање на психологот Елена Бојаџиевска од невладина организација „ХЕРА“-Младински центар „Сакам да знам“

На ден 07.04.2017 година во СОСУ„Илинден“ од Илинден се одржаа едукативни работилница на тема: „Агресивно однесување“ и „Телесно и психичко созревање во адолесценцијата“, за учениците од третта година. Предавањето беше организирано со цел да се укаже на младите адолесценти за разните видови агресивно однесување како и за причините а и можните последици од истото. Агресивното однесување е појава која се манифестира преку различни облици на однесување во секоја развојна фаза од животот. Кај адолесцентите позначајни карактеристики  во однесувањето се постојани конфликти со родителите и соучениците, занемарување на училишните обврски, намалување на успехот во училиште и автодеструктивно поведение (самоповредување, алокохолизам и сл.). Најдобар механизам за надминување на агресивното поведение кај адолесцентите е насочување и градење на капацитети на возрасна единка, наместо казна за  бунтовното дете. Ова е дел од работилниците кои се предвидени до крајот на учебната година со разни теми кои се  наменети  да делуваат превентивно и да се унапреди психо-физичкото здравје на младите.

Подготвил

Фросина Каранфиловска

 

Објавено на 08.04.2017 во Настани

Сподели го текстот

Back to Top