УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОСУ „ИЛИНДЕН“-ИЛИНДЕН НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ И ОСВОЕНО 1 ПРВО, 2 ТРЕТИ МЕСТА И ЕДНА ПОФАЛНИЦА

Овогодинешните XXXVI Државни натпревари на Електротехничките, Машинските и Сообраќајните средни училишта на Р. Македонија се одржаа на 05.05.2017 во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани. Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден го претставуваа 4 наши ученика на кои сме многу горди.  Со најсјајното одличје и освоено 1  место, во конкуренција на 20 други проекти од цела Македонија,  се закити ученикот Марио Наумовски од IV-2 за својот проект „Уред за далечинска контрола на мрежни потрошувачи“ под менторство на професорот Кирил Крстевски (повеќе за проектот може да дознаете од елаборатот). Со  проектот „Конструкција и управување на лифт со програмабилен логички контролер“ се претстави нашиот ученик Филип Витковски од IV-1 под менторство на професорот Игор Атанасов и го освои 3 место во истата конкуренција (повеќе за проектот во елаборатот) .  Учениците Кристијан Милошевски од III-1 од образовниот профил „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“  и Илина Димитријевска од III-2 од образовниот профил „Електротехничар за електроника и телекомуникации“ ,  откако успешно ги поминаа регионалните натпревари, обезбедија пласман на државните натпревари и беа тестирани по неколку предмети од соодветната област и соодветниот профил. Кристијан Милошевски, во конкуренција на други 19 најдобри ученика,   беше пласиран на 3 место , додека Илина Димитријевска беше рангирана на  7 место и се здоби со пофалница за учество ( Овие 2 ученика беа подготвувани од професорите Игор Атанасов, Христина Стојановска и Катерина А.Јанева). СОСУ „ИЛИНДЕН“ им  честита на учениците и на нивните ментори за постигнатиот успех и им посакува уште многу успеси на професионален и личен план.

 

mario mario1 mario2 filip1 filip 2 site site2 emsu

i plasman KTA plasman trudovi emsu2

Објавено на 06.05.2017 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top