Нашите ученици од СОСУ „Илинден“-Илинден, Викторија Димитриевска, Наталија Арсовска, Драгана Трајковска, Ива Цветковска и Бојан Трајковски од четврта година, учествуваа на иновативниот камп-Натпревар на средношколци во претриемнички вештини и успешно го претставија своето училиште.Овој натпревар се одржа во Holiday Inn, а беше во организација на Џуниор Ачивмент Македонија која е дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide Програмата во Македонија е поддржана од УСАИД.
Учениците беа поделени во тимови од шесторица од различни училишта и добија задача да осмислат производ или услуга што ќе придонесе за енергетска ефикасност во заедницата. Секоја група беше задолжена да осмисли бизнис план за својата компанија и да го презентира пред жири комисија и пред останатите, како замислува да ја реализира својата идеја, која би имала широка употреба во корист на општеството. За само 5 часови сите групи успеаја да осмислат бизнис планови, а имаа само неколку минути за нивна презентација.
Победничкото место го завзема нашата ученичка Вкторија Димитриевска од четврта година заедно со својот тим.
Нивната компанија која нуди услуга во вид на апликација, може да им помогне на сите кои сакаат да купат нов електричен производ, за поволна цена, а едновремено да ја намали и сумата на нивната сметка за електрична енергија. Апликацијата има за цел да ги подредува електричните производи по најмала потрошувачка на електрична енергија и со тоа да придонесе за енергетската ефикасност во заедницата, а и семејниот буџет, заштедувајќи електрична енергија. Производите во апликацијата ќе бидат подредени од производи со најмала потрошувачка на енергија, до оние со најголема. Клиентите ќе можат да ја изберат најповолната цена за својот буџет, со тоа што ќе има поле, каде што ќе се внесува буџетот со кој што располагаат. Второстепената намена, покрај услугата за пронаоѓање на производ со најмала потрошувачка на електрична енергија е и онлајн нарачка на производот или локацијата од каде може директно да го купат избраниот производ.
Comments are closed.