По повод Светскиот ден на чистење кој се одржа на 15-ти септември 2018, учениците, професорите и останатите вработени од Еколошката секција при Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден се вклучија во акцијата за чистење на отпадот околу училиштето, патеката од средното училиште до одводниот канал, околината околу спортската сала, детската градинка и „ my market“. Целта на овие активности беше да се очисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се подигне свеста кај учениците, младите и останатите граѓани за правилно одложување и селекција на отпадот за да се зачува чиста, убава и функционална животна средина.
Управата на училиштето најсрдечно им се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа акција.
Comments are closed.