Учениците при СОСУ „Илинден“ од класот I-2, од образовниот профил „Електротехничар за електроника и телекомуникации“ во придружба на училишниот психолог и еден професор на ден 27.03.2019 имаа можност да ја посетат компанијата Кемет Електроникс, каде проследија предавање за компанијата и за заштита при работа, а потоа се разгледаа нивните производствените погони. Посетата и предавањето од страна на менаџерите на компанијата произлегуваат од Меморандумите за соработка во областа на образованието , потпишани помеѓу Градоначалникот на Општина Илинден и менаџментот на компанијата.
Comments are closed.