Почитувани,
Запишувањето во средните училишта ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.
Доставувањето на документи во СОСУ „Илинден“-Илинден ќе се одвива според протокол по следниов АЗБУЧЕН РЕД НА ПРЕЗИМЕТО:
– На 16.06.2020 од 07.00-13.00 ќе се врши прием на документи за оние ученици чие презиме започнува на буквите а,б,в,г,д, а од 13.00.-19.00 за оние ученици чие презиме започнува на буквите ѓ,е,ж,з,ѕ
– На 17.06.2020 од 07.00.-13.00 ќе се врши прием на документи за оние ученици чие презиме започнува на буквите и,ј,к,л,љ, а од 13.00.-19.00 за оние ученици чие презиме започнува на буквите м,н,њ,о,п
– На 18.06.2020 од 07.00.-13.00 ќе се врши прием на документи за оние ученици чие презиме започнува на буквите р,с,т,ќ,у, а од 13.00.-19.00 за оние ученици чие презиме започнува на буквите ф,х,ц,ч,џ,ш
– На 19.06.2020 од 07.00-13.00 ќе се врши прием на документи за оние ученици кои од најразлични причини не успеале да ги достават документите во претходните три термини, без оглед на презимето
При уписот треба да се почитуваат одредбите од Протоколот за упис, со задолжително носење на заштитна опрема, дезинфекција на раце и одржување на физичко растојание од минимум 2 метра.
Пријавата за упис треба претходно да биде пополнета од страна на ученикот и да се достави заедно со свидителствата за VI, VII, VIII и IX одделение, извод од матичната книга на родените ( без оглед на датум на издавање) и диплома за освоено прво, второ или трето место на државни или меѓународни натпревари.
Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.
Нецелосни документи нема да бидат примени.
Со почит,
СОСУ „Илинден“-Илинден
Comments are closed.