По повод 10 Октомври-Светски ден на менталното здравје, а во склоп на активностите поврзани со почеток на учебната година во услови на пандемија со Ковид-19 училишниот психолог Фросина Каранфиловска изработи едукативен материјал кој може да биде од корист за учениците и родителите, наставниците и сите учесници вклучени во воспитно-образовниот процес, а е во насока на препознавање на состојби кои се предизвикани од кризата предизвикана со вирусот Ковид 19 и како да си помогнеме во такви ситуации.
Предизвикот е да се работи и учи во услови кои се различни од претходно вообичаениот начин на кој сме навикнати. Потполно се смени начинот на учење и подучување. Ако претходно училната, дружбата и непосредната комуникација беа синоним за воспитно-образовен процес сега имаме домашни услови, дигитални помагала и onlajn комуникација помеѓу наставникот и учениците како и протоколи за уредување на секој аспект од работењето со цел да се заштити здравјето на сите.
Предизвик е да се зачува здравјето во услови кадешто имаме вирус кој се шири многу брзо а воедно е многу заразен. Тоа значи дека сериозно треба да се пристапи на ситуацијата и да се почитуваат мерките за превенција и заштита. Потребно е да се развие свесноста дека во криза може да се појават негативни и непријатни емоции како страв, загриженост и вознемиреност но ако преминат во пролонгирани состојби кои го попречуваат нашето секојдневно функционирање тогаш се разговара со најблиските за психолошката состојба ако и тогаш неможе да се надмине состојбата се бара стручна помош.
Во задачите на стручниот соработник во училиштето е следење и подршка на развојот на учениците. Во услови на учење од далечина ученикот или родителот разговараат со класниот раководител за потребата од разговор со психолог и се договара средба. Средбата може да се реализира преку вибер, а потоа доколку има потреба и во просториите на училиштето со почитување на протоколите за влез и престој во училиштето.
Октомври 2020 година,
Презентацијата можете да ја погледнете во продолжение Менталното здравје предизвик во услови на пандемија
Comments are closed.