Почитувани деветоодделенци / Почитувани родители,
Со оглед на тоа дека ви претстои одлука за упис во средно училиште, СОСУ „Илинден“-Илинден ве известува дека во учебната 2021/2022 година, на ваше барање, а на наше задоволство, ќе врши упис на ученици во прва година во уште една дополнителна паралелка со 25 ученика во дуално образование (повеќе часови за учење преку работа кај работодавач во втора, трета и четврта година) во квалификацијата Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, односно вкупно ќе бидат запишани 93 ученика во прва година, од кои 59 во квалификација Електротехничар за компјутерска техника и автоматика(распоредени во два класа) и 34 во квалификација Електротехничар за електроника и телекомуникации.
На овој начин се отвори простор за упис на дополнителен број на ученици и се надеваме дека ќе се амортизира незадоволството кое со години наназад се создаваше кај учениците кои не успеваа да се запишат, односно се одбиваа поради пополнување на квотите, иако го исполнуваа условот за минимум потребни бодови.
Воедно ги повикуваме сите деветоодделенци кои сакаат да престојуваат и учат во едно современо и европско училиште, опремено со најмодерна опрема, алат и останати дидактички средства и во кое ученикот секогаш е во центарот на вниманието, да го направат вистинскиот избор и да се запишат во Средното општинско стручно училиште„Илинден“-Илинден.
Минимум потребни бодови:
1. Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
(25 ученика, 4г.тр. – 55 минимум поени – 1 паралелка)
(*дуално образование каде се предвидуваат повеќе часови за практична обука, а соработката ќе се одвива со компаниите Џагатај Кабло, Аптив Сервисес, АРЦ Аутомотив Македонија Дооел, Витек Македонија ДООЕЛ Скопје, Кемет Електроникс ДООЕЛ Скопје)
2. Електротехничар за компјутерска техника и автоматика-
(34 ченика, 4г.тр. – 55 минимум поени – 1 паралелка)
3. Електротехничар за електроника и телекомуникации-
(34 ученика, 4 г.тр – 50 минимум поени -1 паралелка)
Училиштето соработува со следниве компании:
ОКТА АД, Витек Македонија, Аптив Сервисес, Кемет Електроникс, Ван Хоол, Џонсон Мети, Чагатај Кабло, АРЦ Аутомотив Македонија Дооел, МЕПСО АД, Макстил, Вабтек, Хајтек, и др. (Меморандуми за соработка во прилог)
Comments are closed.