Извештај од реализирани активности од Акциски план за Ученички иницијативи од СОСУ „Илинден“ – Илинден

1. Активностите од акцискиот план се реализирани согласно предвидената временска рамка, подготовката траеше една недела од 15 до 19 ноември и учениците од ученичка заедница самостојно изработија едукативна активност. За успешност и задоволство од реализација на активностите на скала од 1-5 би се самооцениле со 5.

 

2. Ученичка заедница подготви презентација, квиз и сподели видео со учениците за (bullying) насилство. Едукативните активности се реализираа на 22.11.2021 и 23.11.2021 година на класните часови и беа вклучени сите паралелки. Активноста беше интерактивна со подготвена презентација, прашања поставени преку квиз и подавање со топка помеѓу учениците за да се активираат сите да се вклучат во дискусијата, за крај споделено видео за насилство и мир како порака и мото кое сакаат да го пренесат учениците од ученичка заедница на соучениците и професорите.

 

3. По обработка на резултатите од квизот кој се спроведе со алатката kahoot, целокупната активност ќе биде објавена на веб сајтот на училиштето и ќе бидат поставени материјали од истата.Оваа активност ќе се спроведе во текот на месец декември и заради пандемијата со Ковид-19 ќе се смета како отворени денови.

Во прилог се фотографии од реализација на активностите.

Ученички иницијативи – бура на идеи

Акционен план за училишна иницијатива

Извештај од реализирани активности од Акциски план за Ученички иницијативи од СОСУ

Насилство – презентација

Прашањата од квизот

Одговори на прашањата од квизот

Одговори на прашањата од презентацијата

 

25.11.2021 година

 

Изработил:                                                                                                  Директор

Психолог Фросина Каранфиловска                                                  Зоранче Арсовски

Објавено на 27.12.2021 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top