Учениците во СОСУ „ИЛИНДЕН“ на 21.03.2022 со различни активности го одбележа денот на екологијата, реализирајќи наставен ден со посебна програма.
Наставниците заедно со учениците на часовите реализираа еко содржини предвидени во Еколошката програма како што се:
– Намалување на потрошувачката на електрична енергија (Осознавање на тоа што е енергија, рационално користење на електричната и топлинската енергија, нејзиното влијание на квалитетот на секојдневниот живот, како и можности за заштеда на електричната и топлинската енергија);
– Заштеда на вода (осознавање на важноста на здравата и питка вода за сите живи суштества,рационално користење на пивката вода и можности за користење на дождовната вода);
– Одржување на училишната зграда и здрава внатрешна средина;
– Уреден и еколошки чист училишен двор;
– Намалување и селектирање на отпад (селекција на отпад и правилно одложување во соодветни садови за отпад).
– Едукација и информирање за одржлив транспорт преку користење алтернативни превозни средства.
Од страна на учениците се изработија еколошки пароли кои беа поставени во училишниот хол, како и презентации за да ја разбудат љубопитноста, мотивираноста и иницијативноста кај сите нас за реализирање на повеќе еколошки акции.
Од страна на Училишната еколошката секција под раководоство на професорите Ирена Ангеловска и Бојан Чесмаџиски се исчистија училните и кабинетите (прозорци, врати, клупи и столчиња), цвеќињата во холот, а училишниот двор и патеките до спортската сала, автобуската постојка, маркетот и одводниот канал целосно се исчистија од опушоци од цигари, хартии, пластични шишиња и друг вид отпад.
Потоа собраниот отпад беше отстранет во соодветни садови за селектирање.
Целта на овие активности беше да се подигне свеста кај учениците, младите, вработените и останатите граѓани за правилно одложување и селекција на отпадот за да се зачува чиста, убава и функционална животна средина, а посебно за чување и одржување на училишниот простор и материјалните ресурси во училишниот објект.
Comments are closed.