Одржан курс „Валенс: Машинско учење и наука за податоци за средни училишта” во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“

Како завршна активност од Еразмус+ проектот Валенс на ФЕИТ во периодот 20 – 22. март 2023 г. беше одржан 3-дневен курс на тема „Машинско учење и наука за податоци за средни училишта”. На курсот вкупно присуствуваа 56 средношколци од средните училишта „СОСУ Илинден”, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, „Михајло Пупин”, „Никола Карев” и „Зеф Љуш Марку”. СОСУ Илинден како партнер во проектот Валенс учествуваше на овој настан со 19 ученици комбинирано од 4та и 3та година од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Во курсот свои воведни предавања за различни теми од областа на машинското учење и науката за податоци имаа професорите Живко Коколански, Стефан Златинов, Томислав Карталов, Марија Марковска Димитровска, Горјан Наџински и Бранислав Геразов. Предавањата беа направени врз база на наставниот материјал за машинско учење и податочна наука создаден во рамките на проектот Валенс, а наменет за средните училишта. Целиот материјал е достапен на Гитхаб на повеќе јазици, вклучувајќи: македонски, англиски, словенечки, српски и албански.

Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.

Објавено на 23.03.2023 во Valence

Сподели го текстот

Back to Top