Четврти Мултипликативен настан „Deployment and evaluation of the Valence educational platform“ во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“

На 27.01.2023 година се одржа вториот Мултипликативен настан „Deployment and evaluation of the Valence educational platform“ во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Водечка организација за настанот беше Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.

За време на настанот, членовите на тимот на VALENCE презентираа преглед на проектот, нагласувајќи ја потребата од машинско учење и наука за податоци во средните стручни училишта. Учесниците од различни средни училишта, присутни на настанот, имаа можност да слушнат за едукативната платформа развиена од партнерите во рамките на проектот VALENCE. Ова ги вклучуваше развиените софтверски апликации наменети да го олеснат учењето на различни модели на машинско учење преку интерактивна визуелизација.

Конечно, делови од новата наставна програма беа прикажани од страна на креаторите на содржината, со практични демонстрации за тоа како материјалот може да се користи во наставата. Професорот Арпад Кочис од Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија се претстави заедно со професорите од ФЕИТ-УКИМ, Бранислав Геразов, Живко Коколански, Горјан Наџински, Стефан Златинов и Томислав Карталов.

По презентациите беше направена дискусија со учесниците фокусирана на можноста за имплементација на новата наставна програма во нивните училишта, како и на целата територија на Србија. Искуствата од можностите за имплементација во соодветните земји ги споделија учесниците од Македонија и Словенија.

Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.

Објавено на 30.01.2023 во Valence

Сподели го текстот

Back to Top