ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2023 МАССУМ

На образовното рандеву 2023 МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кое се одржа на 05.05.2023 во Гостивар, нашите ученици (17) на натпреварите се претставија во следниве категории:

Најдобра екипа во серва 1 место од 24 екипи (Дамјан Алексовски, Ива Јосифова, Стефан Милчевски и Мила Гроздевска. Ментор – проф. по спорт Александра Јанев)

Најдобра поетска творба 3 место од 46 училишта (Ангела Арсоска. Ментор – проф. по македонски јазик Габриела Петровски)

Најдобар веб страна 4 место од 17 училишта (Драган Николовски, Иван Марковски, Жаре Зарковски. Ментор – проф. по стручни предмети Игор Атанасов)

Учествуваа и во:

Најдобра екипа во баскет – (Мила Гроздевска, Аделина Ајваз, Бојан Ивановски и Бојан Божиновски. Ментор – проф. по спорт Александра Јанев)

Најдобра фотографија – (Ана Анѓелковиќ и Салија Шабанова. Ментор – проф. по стручни предмети Игор Атанасов)

Најдобра поетска творба – (Ангела Крстевска. Ментор – проф. по македонски јазик Даниела Костадиновиќ; )

Јавно говорење – (Јована Јаневска. Ментор – проф. по македонски јазик Габриела Петровски)

Целта на овој вид активности е кај учениците да се развие свеста за глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес за развој на општеството, како и да се равијат меките вештини. Да се развијат способности и вештини за комуникација, толеранција, лидерство, тимска работа, решавање на проблеми, организирање на активности, правилно искористување на ресурси, компетентно и напредно лидерство, да се развие чувство на одговорност, самодоверба и доверба во работата и соработниците, да учествуваат и постигнуваат успеси во организирани активности (натпревари, настапи и промоции), да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера и сл.

Управата на училиштето им честита на сите учесници и нивните ментори за нивниот ангажман и постигнатите резултати и ги охрабрува и понатаму да продолжат активно да учествуваат во воннаставните активности за да ги подобрат личните вредности и да се подготват за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.

 

Објавено на 08.05.2023 во Настани

Сподели го текстот

Back to Top