Почитувани ученици, родители/старатели,
Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден ве известува дека на 22 и 23.06.2023 година ќе врши прием на документи за учениците кои аплицирале за упис во прва година за учебната 2023/2024 година во следниве термини:
- Приемот на документи на 22.06.2023 (четврток) ќе се врши по азбучен ред во периодот од 12.00 до 19.00 часот
Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:
- Од 12.00-15.30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: а,б, в, г, д, ѓ, е,ж,з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н,њ
- Од 15.30-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш
- Приемот на документи на 23.06.2023 ќе се врши по азбучен ред во периодот од 07.00 до 19.00 часот
Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:
- Од 07.00-13.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: а,б, в, г, д, ѓ, е,ж,з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н,њ
- Од 13.00-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш
Воедно ве известуваме дека на 20.06.2023 и 21.06.2023 е електронското пријавување за упис во прва година на следниов линк https://e-uslugi.mon.gov.mk/ . Сите оние кои од било кои причини нема да можат да се најават сами и да аплицираат од дома, можат да дојдат во нашето училиште од 08.00-18.00 часот ( на 20.06.2023 ) и од 08.00-15.00 часот ( на 21.06.2023) и комисијата ќе ви помогне да се поднесе апликацијата. Со себе понесете свидителства од 6-то до 9-то одделение и извод од матична книга на родени .
Comments are closed.