Дел од нашите ученици во рамки на програмата по предметот Бизнис и претприемништво заедно со нивниот професор Билјана П.Митиќ имаа можност да ја посетат Народната банка на Р. Македонија и да ги прошират своите знаења за улогата на Народната банка, кога е основана истата, да дознаат повеќе за функцијата Гувернер и неговата улога, да се запознаат со нашата валута и нејзиното потекло, како и да продискутираат за некои екномски поими (инфлација и дефлација и да наведат примери за нив). Потоа имаа можност да го посетат Музејот на пари и да ги видат сите наши банкноти и монети, да се запознаат со нивните предни (аверс) и задни(реверс) страни како и да ја дознаат симболиката на цртежите. Исто така беа запознаени и со начинот на кој се печатат банкнотите и како се пуштаат во оптек.
Comments are closed.