Посета на компанијата Џонсон Мети

Во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу СОСУ „Илинден“ и компанијата Џонсон Мети, дел од учениците од четврта година и нивната професорка по практична настава Христина Јовановска беа во посета на компанијата  со цел да се запознаат со работните обврски на вработените во производниот погон. Учениците беа пречекани и предводени од вработените во фирмата. Првата активност започна со кратка обука за користење на опремата за безбедност и заштита при работа. Следуваше детално набљудување на процесот за производство на катализатори за моторни возила. На учениците им беше објаснет процесот на работа на „Pick-and-place“ роботите, кои работеа со преместување на производите од една на друга подвижна лента. Потоа им беше претставен робот ист како тие во производствениот погон со шест степени на слобода и секој посебно доби насоки како да задава наредби за работа и да пишува програми (jobs) за роботот. На крај сите имаа можност да видат како автономните возила во фабриката самостојно ги пренесуваат резервоарите со производствените материјали. Вработените стручни лица и менторите беа  отворени за сите прашања од учениците и детално им ги појаснуваа сите дилеми. Сите ученици на практичен начин се стекнаа со нови знаења и искуства од денешната посета.

Видео од управувањето со роботската рака во JM

Објавено на 01.12.2023 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top