Предавањето се реализира како дел од проектот „Вешти и компетентни“, кој Министерството за образование и наука го спроведува во средните училишта во земјава, учениците остварија тематска средба со реномиран гостин од бизнис секторот, со цел да се запознаат со добри пракси и вистински искуства од областа на бизнисот, претприемништвото и иновациите. Учениците преку интерактивно предавање беа запознаени со искуствата и патот на успехот на предавачот, исто така им беа објаснети поимите менаџер, претприемач, претприемништво. Учениците беа поттикнати да го користат мисловниот процес во патот на решавање на проблеми како и да имаат цели кои ке ги постават во животот доколку сакаат да успеат. Постојано да имаат обврски со цел да го исполнат своето време. На предавањето присуствуваше Директорот, Психологот, дел од Наставниот кадар. Предавањето траеше 1 час.
Comments are closed.