СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „ИЛИНДЕН“-ИЛИНДЕН ЗАДОВОЛНИ ОД ПОСЕТАТА НА ТРАФОСТАНИЦА „ТС СКОПЈЕ 4“ ВО НАСЕЛБА ПИНТИЈА

Учениците од прва година при Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден на 06.03.2015 ја посетија (110/25 KV) Трансфоматорска станица, ТС Скопје 4 во Пинтија. Посетата се реализираше како резултат на Меморандумот за соработка во образованието, потпишан помеѓу градоначалникот на општина Илинден и директорот на АД МЕПСО. При посетата учениците ја разгледаа трафостаницата и беа запознаени со улогата на ТС во преносната мрежа на ЕЕС (електроенергетскиот систем), како и со функцијата на основните елементи од постројката. Потоа имаа можност да ги видат главните елементи како што се: прекинувачи,разделувачи,изолатори,собирачи,енергетски ТР, одводници на пренапони и мерни ТР како и со дозволените сигурносни растојанија во постројката на делови под напон од земја,кои се запазени при самата изведба на електричната постројка. Исто така дознаа дека постројката е изведена како конвенционална во однос на начинот на изградба,т.е. таа е од отворен тип и е за надворешна монтажа. При крајот на посетата учениците имаа можност да поставуваат прашања околу работата на трафостаницата, а на поставените прашања одговараа стручните лица –ментори во трафостаницата.

Објавено на 06.03.2015 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top