Успешно деби на учениците на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ од Општина Илинден на XXXV Државни натпревари на Електротехничките, Машинските и Сообраќајните средни училишта на Република Македонија што се одржаа на 06 мај 2016 година во СОУ „Никола Карев“ во Струмица. Прво учество и успешно претставување на натпреварите од електротeхничка струка за нашите ученици Тодорче Петрушевски, ученик во третта година во СОСУ „Илинден“-Илинден и Филип Витковски исто така ученик во третта година. Тодорче Петрушевски го освои треттото место на натпреварите од профилот Електротехничар за Компјутерска техника и автоматика (ментор-проф.Катерина Ангеловска, проф. Игор Атанасов и проф. Христина Стојановска), додека ученикот Филип Витковски се здоби со пофалница која се доделува за учесниците кои се пласираа од 4-6 место за изработен труд на тема „Контрола и управување на индустриски процес со систем базиран на PLC“ (ментор- проф. Игор Атанасов). Честитки и благодарност за вложениот труд до учениците и нивните ментори и уште многу успеси.
Comments are closed.