Државните прваци во футсал и прваците на Град Скопје од средношколската лига во футсал заслужено беа наградени за своето залагање на полето на спортот како и за промовирањето на училиштето. Професорот по спорт Дејан Димитријевиќ и 11 фудбалери добија тренерки и патики од страна на Градоначалникот на Општина Илинден. Наградите им ги врачи директорот на училиштето кој воедно им се заблагодари на учениците и им посака уште многу успеси не само на полето на спортот туку и во животот. На овој начин Општина Илинден и училиштето сака да ги поттикне сите ученици да ги негуваат здравите навики и спортскиот дух, но и да ги мотивираат и останатите ученици да учат и работат вредно и посветено, затоа што тоа е единствениот пат кој води до вистинскиот успех, а таквиот успех секогаш е следен и наградуван.
Comments are closed.