Author Archive:

Oдржано предавање на учениците од СОСУ„Илинден“Илинден на ден 07.11.2014 година на тема „Претприемништво“ од Претседател на Македонско Бугарска Стопанска Комора Г-дин Зоре Темелковски

Предавањето се реализира како дел од проектот „Вешти и компетентни“, кој Министерството за образование и наука го спроведува во средните училишта во земјава, учениците остварија тематска средба со реномиран гостин од бизнис секторот, со цел да се запознаат со добри пракси и вистински искуства од областа на бизнисот, претприемништвото и иновациите. Учениците преку интерактивно предавање…

Повеќе →

Учениците од СОСУ„Илинден“ Илинден вклучени во дебати од страна на Граѓанската асоцијација „Младите Можат“

На 13 и 14 Октомври 2014 година се одржаа дебати во траење од 1 час за учениците од прва и втора година. Дебатите беа организирани од СОСУ “Илинден”-Илинден а во изведба на Граѓанската асоцијација „Младите Можат“ како дел од проектот финансиран од Европската унија „Лабораторија на меѓусебно разбирање. Искуси кој сум јас“. За таа цел…

Повеќе →

Учениците од СОСУ ” Илинден ” во големата еколошка акција „Македонија без отпад- 2014“

Учениците заедно со професорите од СОСУ ” Илинден ” учествуваа во големата еколошка акција „Македонија без отпад- 2014“

Училишното ѕвоно во СОСУ „Илинден“ –Илинден го означи почетокот на првиот училишен ден

Училишното ѕвоно во СОСУ „Илинден“ –Илинден го означи почетокот на првиот училишен ден за 131 ученик во новата учебна 2014/2015 година кои одбраа да со образуваат во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации. Топло добредојде , среќен почеток и успешна нова учебна година им посакаа директорот на…

Повеќе →

Обука на наставниците и учениците за продукција на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Обука на наставниците и учениците за продукција на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието во Хотел Континентал во која беа вклучени ученици и професори од СОСУ “Илинден”. Оваа обука имаше за цел да се вклучат средношколци од различна етичка припадност, националност , религија и пол кои расменуваат мислења, аргументираат и практикуваат…

Повеќе →

Учениците од средното училиште „Илинден“ остварија практична настава во Ван Хол Македонија

Учениците од средното стручно училиште „Илинден“, од паралелката Електротехничар за електроника и телекомуникации, остварија практина настава на компанијата за производство на автобуси, Ван Хол Македонија. Практилната настава е резултат на успешната соработка на Општина Илинден и Ван Хол Македонија кои неодамна потпишаа Меморандум за соработка, со кој Ван Хол се обврзува да обезбеди практична настава,…

Повеќе →

Ученици од средното стручно училиште ја посетија изложбата во Домот на култура „Илинден“

Ученици од средното стручно училиште „Илинден“ во Домот на култура „Илинден“ ја посетија изложбата посветена на тројцата најпознати унгарски композитори Франц Лист, Золтан Кодаj и Бела Барток. Дел од изложбата се и фотографии на скулптури сликани во Унгарија, наречени Јашаги Соброг. Средношколците со голем интерес ја проследија изложбата надградувајќи ги своите знаења за овие големи…

Повеќе →

Општина Илинден и ОКТА потпишаа Меморандум за соработка во образованието

Практична настава, обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“, со отворена можност за стипендирање талентирани ученици и вработување по завршеното образование опфаќа Меморандумот за соработка помеѓу општината Илинден и компанијата ОКТА. Меморандумот денеска официјално го потпишаа градоначалникот на општина Илинден и главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантиноу. – Успешната соработка со…

Повеќе →

Општина Илинден и компанијата Џонсон Мети потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието

Општина Илинден и компанијата „Џонсон Мети“ потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој англиската компанија за производство на катализатори ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“. Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Илинден, воведувајќи иновативен пристап во образованието, со цел збогатување на знаењата…

Повеќе →

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски: Општина Илинден е пример што треба да го следат и другите општини

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, го посети првото средно стручно училиште „Илинден“ во Општина Илинден. За време на посетата, во друштво на градоначалникот, тој се запозна со условите за работа во училиштето во кое во две паралелки за електротехничка струка, електроника и телекомуникации и  компјутерска техника и автоматика се образуваат 63 ученици, а…

Повеќе →

Back to Top