Категорија : Општо

Разубавување на училишниот двор

Учениците и вработените од нашето училиште засадија нови дрвца за да го разубават училишниот двор и да го направат поубаво и попријатно место за престој. Засадени беа десетина дрвца од видот туја и туја смарагд. Раководството на училиштето им искаж ува голема благодарност на сите кои учествуваа во оваа акција.

Инвестираме во развојот на образованието на нашите ученици

Во СОСУ „ИЛИНДЕН“-Илинден инвестирани околу 600.000,00 денари во информатичка опрема. Набавени се 11 десктоп компјутери,22 монитора,4 проектори,2 преносни компјутери, 13 рутери, 50 тастатури, 50 мауси, напојување, продолжни кабли и друга опрема за потребите на нашите ученици по предметот практична настава за образовниот профил Компјутерска техника и автоматика. Користејќи ја оваа информатичка опрема,  учениците ќе можат…

Повеќе →

Набавени 16 нови мрежни трансформатори

За потребите по предметот практична настава за учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден се набавија 16 нови мрежни трансформатори. Со набавката на овие трансформатори се збогати опремата во кабинетите за практична настава за профилот Електротехничар за електроника и телекомуникации и на учениците треба да им овозможи да си ги продлабочат знаењата, вештините и умеењата…

Повеќе →

ОПРЕМЕНА НОВА КОНФЕРЕНЦИСКА САЛА

Деновиве средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден ја опреми салата за состаноци со 80 нови конференциски столчиња, телевизор и бела табла. На овој начин се подобрија и осовременија условите за одржување на предавања и обуки за нашите ученици како и за сите вработени.

ЗБОГАТЕН БИБЛИОТЕЧНИОТ ФОНД ВО УЧИЛИШТЕТО

Училишната библиотека во СОСУ „Илинден“-Илинден се збогати со околу стотина значајни стручни изданија од областа на техниката, технологијата, економијата и компјутерите. Овие книги беа обезбедени како донација од родител на наш ученик од третта година. Раководството на СОСУ „Илинден“  искажува голема благодарност до родителот и се надеваме дека овој позитивен пример за општествена одговорност ќе…

Повеќе →

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА НА ТЕМА „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР ВО СОСУ „ИЛИНДЕН“

На ден 22.10.2016  година(сабота)  во просториите на СОСУ „Илинден“ се одржа обука за наставниот кадар  на тема  „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“.Обуката беше интерактивна и на неа се разгледаа следниве прашања: Која е целта на оценувањето? Што постигнуваме со оценувањето? Кои елементи ги содржи оценката? Кои се последиците од несоодветно оценување? Понатаму се разгледаа принципите…

Повеќе →

Хортикултурно уредување на училишниот двор

Засадување дрвца во Ајватовци

Учениците од СОСУ „Илинден“ го раззеленија Ајватовци.

Back to Top