Градиме мостови е настан кој се состои од неколку средби помеѓу деца од различни етнички заедници од училиштата во општината Гази Баба. Проектот беше организиран од Организацијата за безбедност и кооперација на Европа (OSCE) и негоава цел беше да не научи да се почитуваме како деца од различна етничка припадност, религија, раса и слично. Покрај тоа требаше да креираме било каков проект со кој ќе го докажевме истото.
Се пријавив на проектот со цел да запознаам нови деца и да видам што имаше спремено организацијата за мене, едноставно бев љубопитен да дознаам. Имавме неколу средби во училиштата „25 Мај“ и „Крсте Мисирков“ кадешто ни објаснија што е всушност целиот проект. Таму запознав доста добри другари и заедно го изработивме проектот кој го имавме осмислено.
Успеавме да направиме презентација во која објасивме дека нема простор за омраза помеѓу нас. Напривме статистичка анализа која не споредуваше колку луѓе сме од секоја етничка припадност во општеството, и дека ако се мразиме помеѓу себе ние ништо нема да постигнеме. Напротив, треба заедно да се соединиме и да почнеме да градиме мостови кои ќе не поврзуваат сите еден со друг, исто како и ние што ја изработивме самата презентација.
Ако сакаме да направиме големи работи, да изградиме големи проекти, неможеме еден без друг. Ова ми ги зголеми способностите за комуникација и ме научи да соработувам со секој, па дури и со луѓе од странство. Само така можеме да просперираме и да ја подигнеме нашата кариера на поголемо ниво.