Во учебната 2019/2020 година во моето основно училиште слушнавме дека имаме можност да учествуваме на натпревар за кодирање. Откако професорите ни објаснија за каков натпревар станува збор, јас без да размислувам се пријавив. Темата на натпреварот беше да претставиме решение за некој проблем во општеството со помош на кодирање. Истиот ден за првпат ги видов уредите со коишто јас ќе работам и веднаш во глава си скроив идеја: што би било ако направиме макета на раскрсница?
Преку оваа макета главниот проблем кој го претставивме беа незгодите во сообраќајот како последици од непочитување на правилата. Изработивме модерна раскрсница со која ја прикажавме важноста на модерната инфраструктура. Првиот и главен дел беа симулациите на како настануваат сообраќајни несреќи и кои би биле исходите доколку во тој момент се почитувале правилата. Додадовме и еден билборд кај секој семафор, кој кога светеше црвено светло ги потсетуваше возачите што чекаат да ги угаснат своите возила за да не го загадуваат воздухот, и така решивме и дел од проблемите во екологијата. За крај потенциравме дека треба да се користи систем кој со испуштање звуци сигнализира на слепите лица дека можат безбедно да ја преминат улицата.
Веднаш се организиравме и фативме за работа. Секој имаше своја улога: јас - ги прогамирав Micro:Bit уредите, други работеа на лемењето на елементите, а трети ја работеа скицата. Јас бев пресреќен што сите ја прифатија мојата идеја и што сите одговорно работеа на својата задача. Во еден момент го завршивме проектот целосно и организиравме превоз на макетата преку карго до ИНОФеит(бидејќи раскрсницата беше широка два метра). Дојде денот на натпреварот и јас со моите професори и уште еден другар отидовме таму.
Тој натпревар беше нешто посебно. Освен што таму бевме пречекани како што најмалку очекував, дури и другите натпреварувачи од 16 различни школи беа сите фер и дружељубиви према мене. Една работа што нема да ја заборавам е дека имаше превусни јадења и пијалоци за секој! Едно по едно школо ги презентираа проектите пред жири комисијата и амбасадорот на Велика Британија. Откако сите завршивме не однесоа да ни ги покажат лабараториите во истата зграда. Таму имаше огромни сервери, па дури и роботска рака! Кога се вративме жирито официјално ги прогласи победниците, а ние се наоѓавме на четвртото место. Јас бев пресреќен затоа што успеав до таму и во моментот кога го слушнав тоа едвај издржав да не скокам од среќа бидејќи камера ме снимаше. И после се ова, бев пресреќен што учествував на ваков голем натпревар и едвај ја чекам наредната прилика да одам на уште еден.