На ден 10.03.2017 година во СОСУ„Илинден“ од Илинден се одржа едукативна работилница на тема: „Младите и грижа за репродуктивно-сексуално здравје“. Предавањето беше организирано со цел превенција и навремена заштита на здравјето на младите од разни болести и навремено откривање на истите. На работилницата учествуваа учениците од втора година и имаа можност да поставуваат прашања. Секоја година училиштето соработува со невладината организација и се вршат предавања на различни теми како на пример: „Тинејџери и насилство“, „Агресивност“, „Болести на зависност“. Темите се наменети да делуваат превентивно и да се унапреди психо-физичкото здравје на младите.
Comments are closed.