Средношколската репрезентација на град Скопје во футсал го освои првото место на балканскиот турнир за средношколци кој се одржуваше во Скопје. Во финалето фудбалерите на градот Скопје ја совладаа средношколската екипата во футсал на градот Загреб со резултат од 2:0. Нашето училиште во репрезентацијата на градот Скопје учествуваше со 7 фудбалери, а селектор на оваа репрезентацијата беше нашиот професор Дејан Димитријевиќ. Со оваа победа се докажува квалитетот на учениците кој што го поседуваат, а воедно претставува и признание за квалитетната работа и селекција на нашиот професор како и системската работа во општина Илинден со училишниот спорт. Ова е поттик за останатите ученици да се ангажираат и да успеат да ги постигнат овие резултати како и секој следен наш натпревар да ни е со мотото „Учиме, работиме, спортуваме, победуваме“.
Comments are closed.