РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА НА ТЕМА „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР ВО СОСУ „ИЛИНДЕН“

На ден 22.10.2016  година(сабота)  во просториите на СОСУ „Илинден“ се одржа обука за наставниот кадар  на тема  „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“.Обуката беше интерактивна и на неа се разгледаа следниве прашања:

  1. Која е целта на оценувањето?
  2. Што постигнуваме со оценувањето?
  3. Кои елементи ги содржи оценката?
  4. Кои се последиците од несоодветно оценување?

Понатаму се разгледаа принципите на оценување, методите на оценување, видови на оценување (формативно/сумативно) и примена на Блумовата таксономија при оценувањето.

Работилницата се одржа на барање на наставниот кадар се со цел  да се подобри начинот на учење, поучување и оценување на учениците и да се изведат пореални оцени.

Објавено на 29.10.2016 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top