Сребрен медал на МАКИНОВА 2016

Од 18-22.10.2016 година, ученикот Филип Витковски (под менторство на професорот Игор Атанасов) од СОСУ „Илинден“ зеде учество на МАКИНОВА 2016 и освои сребрен медал со својето младинско истражувачко креативно творештво „Контрола и управување на индустриски процес со систем базиран на програмабилен логички контролер“. Му честитаме на Филип за освоениот медал и му посакуваме во иднина уште поголеми успеси.
МАКИНОВА претставува изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво која е придружена со ЕКОНОВА – изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина, а во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ. Манифестациите се одржуваат на Скопскиот саем, во рамките ТЕХНОМА, во периодот 18-22, Октомври 2016 год.

Објавено на 24.10.2016 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top