Training Event C1 for ML & DS teaching tools во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“

Оваа обука беше организирана од 05.10.2021 до 18.10.2021 од страна истражувачите кои работат во Институтот Јозеф Стефан (ЈСИ). Учесници се истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија. Оваа активност ќе има големо влијание врз развојот на VALENCE платформата. JSI има богато искуство во развојот на алатки за настава ML & DS. Добро познатата платформа ORANGE е делумно развиена од JSI. Тоа е интерактивна апликација со лесен интерфејс за користење што овозможува развој на работни текови и модели за машинско учење. За време на обуката, JSI ќе организира работилница на која ќе го пренесат своето знаење и ќе не подучат кои се клучните чекори за развој на ваква платформа.

1 ден – “Introduction to Orange”
2 ден – “Introduction to Jupyter Lab” & “Tutorial on Orchest”
3 ден – “JavaScript Fundamentals” & “DrawIO code structure”

Целта на оваа активност за обука е да се сподели нивното искуство во процесот на развој, не само од страната на развивачот, туку и од перспективата на корисничкото искуство. Сметаме дека ова е голема придобивка за учесниците и за проектот воопшто. Истражувачите кои ќе учествуваат на оваа обука ќе бидат програмерите со најголемо влијание врз развојот на оваа платформа. Ова е клучен дел во нашиот проект за развој на висококвалитетна интерактивна средина за учење.

Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија

Објавено на 20.10.2021 во Valence

Сподели го текстот

Back to Top